генерал-потполковник Митре Арсовски
Роден е на 1 ноември 1936 година во село Стари Град во Општина Велес, во Република Македонија, од мајка домаќинка и татко службеник. Оженет е со сопругата Анастасија, а во брак се од 1976 година. Татко е на два сина, Зоран и Александар.
Основно образование завршил во родното место, а продолжил да се образува во Гимназија, која ја завршил во 1956 година. Воена академија на ЈНА завршил во 1960 година, Командно-штабна академија во 1972 година и Школа за национална одбрана завршил во 1978 година, во Белград.
Во чин артилериски потпоручник произведен е во 1960 година. Во чин поручник е унапреден во 1963 година, во чин капетан во 1966 година, во чин капетан 1 класа во 1969 година, во чин мајор во 1973 година, во чин потполковник во 1977 година, во чин полковник во 1981 година, во чин генерал-мајор во 1988 година, а во чин генерал-потполковник во 1992 година.
Во својата богата кариера службувал во повеќе различни гарнизони, како Белград (1960-1972), Битола (1972-1974), Прилеп (1974-1978), Скопје (1978-1982), (1985-1986) и (1990-1993), Врање (1980), Куманово (1982-1985) и (1986-1987), Крагуевац (1987-1990), извршувајќи повеќе должности:
- Командир на вод (1960-1968);
- Командир на батерија (1968-1972);
- Командант на дивизион (1972-1975);
- Командант на полк (1975-1977);
- Референт за оперативно наставни работи (1978-1980);
- Командант на бригада (1980-1982);
- Началник на штаб во дивизија (1982-1985);
- Командант на дивизија (1985-1987);
- Началник на штаб во корпус (1987-1990);
- Помошник на командантот за заднина (1990-1991);
- Началник на штаб и заменик на командантот на 3. армиска област (1991-1992);
- Началник на ГШ на АРМ (1992-1993).
Во текот на службата добивал бројни стимулативни мерки и признанија, а меѓу другото е одликуван и со:
- Орден за воени заслуги со сребрени мечеви во 1965 година;
- Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда во 1969 година;
- Орден за воени заслуги со златни мечеви во 1974 година;
- Орден на Народната армија со златна ѕвезда во 1979 година;
- Орден за народ со златна ѕвезда во 1985 година;
- Орден за воени заслуги со голема ѕвезда во 1988 година;
- Орден за воени заслуги од Претседателот на Р. Македонија.