
Мисија:
Менаџирање со системот за развој на доктрини и научени лекции и изработка на доктрини, правила, упатства, прирачници и други публикации во Армијата.
Задачи:
- Развој на систем за доктрини;
- Развој на систем за научени лекции;
- Координација на изработка на доктрини, правила, упатства, прирачници и научени лекции;
- Печатење и дистрибуција на доктрини, правила, упатства, прирачници и научени лекции;
- Развој на концепти за развојот и употребата на Армијата;
- Развој на концепти за развојот на родовите и службите во Армијата;
- Водење на единствена евиденција (регистер) на издадени публикации;
- Менаџирање со електронска датотека и ВЕБ страница на доктрините и научените лекции;
- Соработка со сродни институции во Републиката и странство.
Потполковник Дејан Јовановски
Потполковник Дејан Јовановски е роден 1977 година во Велес. Основното и средното образование ги завршува во Велес и продолжува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во период од 1995-1999 година.
Воената кариера ја започнува како командир на вод во Центарот за обука на граничари во гарнизонот Велес. Во текот на воената кариера извршува повеќе командни и штабни должности: командир на караула, командир на логистичка чета, офицер за гарнизонски работи во Командата за обука и доктрини, заменик-командант во Центарот за индивидуална обука, командант на Центарот за обука на питомци и офицери, офицер за воено планирање во Командата за обука и доктрини и од 29.01.2025 година началник на Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции.
Своето стручно усовршување и оспособување го продолжува на Командно-штабната академија на Воената академија „Фрањо Туџман“ во Загреб, Република Хрватска од август 2018 до јуни 2019 година, како и на курсеви во земјата и странство меѓу кои: курс на тема „Планирање на силите фаза 1/2“, „Building Integrity in Peace Support Operations“, обука на тема „NATO Standardization“ и други видови обука и курсеви.
Има учествувано во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во КОСА -ГГ – Кабул, како штабен офицер за научени лекции, во период декември 2015 – јуни 2016 година и НАТО мисијата „КФОР“, во Република Косово, како началник на секцијата за планирање во Здружената команда за логистичка поддршка, во период мај 2024 – декември 2024 година.
Во текот на својата кариера повеќе пати е наградуван. Го зборува англискиот јазик. Татко е на две деца.