Денес, во Командата за обука и доктрини реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим составен од тројца инспектори од ВС на Република Романија и инспектор од ВС на Сојузна Република Германија.
Во текот на работниот состанок, инспекторскиот тим имаше можност да се запознае со состојбата на специфицираната област преку презентација за Командата за обука и доктрини со кратката историја на единицата, локацијата на Командата за обука и доктрини, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и активностите и состојбите кои се однесуваат на одредбите од „Виенски документ 2011“.
Инспекторскиот тим беше придружуван од страна на ескорт тим од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето во Министерството за одбрана.
С/Г