Во период од 4 до 8 ноември во Командата за обука и доктрини се одржа Курс за психолошки операции на тактичко ниво 2-24 година со слушатели од Армијата на Република Северна Македонија. Курсот беше под менторство на Одделението за психолошки операции од составот на Ј-3 од ГШ на Армијата и RIST (Regional Information Support Team) тимот на ВС на САД, лоциран во Босна и Херцеговина, Сараево.
Целта на курсот е слушателите да се оспособат за практична примена на психолошките операции во процесите на воено планирање и донесување на воени одлуки во командите и единиците на Армијата и нивно водење во текот на операциите. Во овој втор модул од курсот, тежиште се даде на практичната примена на задачите на тимовите за психолошки операции на тактичко ниво.
На курсот учествуваа осум припадници (офицери, подофицери и професионални војници) од потчинетите команди и единици на Армијата.
На свеченоста по повод успешна реализација на курсот, заменик-командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Лулзим Нуредини на слушателите од Армијата им додели сертификати и им посака успех во нивната понатамошна работа, како и имплементирање на новостекнатите знаења во нивните единици.