На ден 21 и 22.09.2015 година во Командата за обука и доктрини во Велес и Центарот за поддршка на обуката во Криволак е реализирана официјална посета од страна на делегација на Вооружените сили на Обединетото Кралство, во состав: потполковник Ричард Пери, одбранбено аташе на ОК и потполковник Грахам Шенон, Командант на првиот кралски Ирски полк.
Целта на посетата е запознавање на делегацијата со можностите и капацитетите на КОД, со цел согледување и лоцирање на областите и активностите за идна соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на Обединетото Кралство заради размена на искуства и научени лекции од досегашното работење и надградување и зацврстување на капацитетите, можностите и способностите на двете армии.
За време на посетата, беа презентирани мисијата, организациско формациската структура на КОД и Центарот за поддршка на обуката, по што делегацијата имаше можност на АП „Криволак“ да ги посети и разгледа капацитетите и можностите на Центарот за поддршка на обуката и да се запознае со расположливата структура за поддршка на обуката.
Како резултат на работната посета лоцирани се одредени области за можна идна соработка по што гостите изразија огромно задоволството од приемот во КОД и обезбедените услови за непречено реализирање на активноста.