Во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е посета од страна на Главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт, придружуван од главниот подофицер на Армијата на Република Северна Македонија.
За време на посетата, реализирана е презентација од страна на главниот подофицер на КОД, за организација на подофицерските курсеви кои се реализираат во КОД, како и за капацитетите за обука, а воедно се разговараше и за развој на обуката за подофицери и за едукативната размена на подофицерскиот кадар во реализација на заеднички курсеви.
На самиот крај од посетата гостите изразија огромно задоволство од приемот во КОД и обезбедените услови за непречено реализирање на активноста.
С/Г