Во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализира прием на 12 новопоставени поручници од курсот за потребите на службите во Армијата и 7 водници на служба во Армијата на Република Северна Македонија, распоредени на должности во единиците на Командата за обука и доктрини.
Новопримените офицери и подофицери беа примени од страна на Заменик командантот на КОД, полковник Лулзим Нуредини и од претставници од Командата и единиците на КОД.
За време на приемот новопоставените офицери и подофицери беа запознаени со мисијата, историјата, структурата и задачите на КОД, како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе земат учество. Од новопримениот персонал се очекува да работат со храброст и одлучност, чесност и интегритет и во целост да ги применуваат знаењата кои ги имаат стекнато за време на нивното школување и воедно да ги надградат истите со цел успешно извршување на мисијата на КОД и Армијата.