Денес, 23 Септември 2015 година (среда), во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод примопредавањето на должност командант на Центарот за индивидуална обука (ЦИО) во Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста командант на ЦИО од потполковник Агрон Незири ја прими потполковник Газменд Абдиу. Потполковникот Газменд Абдиу досега ја извршуваше должноста Началник на штаб, а воедно и заменик на командант во Инженериски баталјон во 1.мпбр./ЗОК.
На свеченоста присуствуваа командантот на КОД, полковник Љупчо Костовски и претставници од Командата за обука и доктрини. Командантот на КОД одржа пригоден говор во кој беа упатени честитки за работата на досегашниот командант потполковник Агрон Незири. Потполковникот Агрон Незири кој заедно со персоналот постигна многу добри резултати во реализацијата на суштинските задачи од мисијата на ЦИО.
Во своите обраќања, командантот на КОД и претходниот командант на ЦИО, на новопоставениот командант потполковник Газменд Абдиу му посакаа да продолжи со успеси извршување на задачите како што тоа го постигнуваа неговите претходници.