Во Командата за обука и доктрини денес престојуваше претставник од тимот за поддршка на обуката од Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство, при што на работен состанок со припадници од Командата се разговараше за можностите на Армискиот полигон (АП) „Криволак“.
На работниот состанок, со почитување на превентивните мерки за заштита на здравјето на луѓето и спречување ширење на „Covid 19“, заменикот на командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Стојанче Тодоров, началниците на секциите Г-2, Г-3/5 ,Г-7 и командантот на АП Криволак, со претставникот од ОК, мајор Ричард Соер дискутираа за моменталната состојба на капацитетите на АП Криволак и потребите и можностите за модернизација на истиот.
Претставникот од ОК, претходно беше запознаен со мисијата, задачите, историјата, структурата на единицата, обуката која се изведува, опремата и капацитетите со кои располага Командата за обука и доктрини.
По посетата и одржаниот работен состанок во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес се реализираше обиколка на АП Криволак, на која претставниците од тимот од Обединетото Кралство ги разгледаа претходно презентираните капацитети.