Во Командата за обука и доктрини се реализираше еднонеделен курс за систем на администратор на компјутерски мрежи.
Целта на курсот е обука на персоналот од родот врски во командите и единиците на Армијата за правилно менаџирање, администрирање и користење на компјутерските мрежи во Армијата и истите да се сертифицираат за систем-администратори на компјутерски мрежи во Армијата, а во согласност со стандардните оперативни процедури за управување и администрирање на мрежи во Армијата и страндардите за работа во НАТО средини.
По повод завршеток на курсот, командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански во присуство на претставници од секцијата Ј-6 на ГШ, на слушателите им врачи сертификати за успешна реализација на курсот, порачувајќи им темелно да се ангажираат во процесот на работата и извршување на работните обврски, но сега збогатени со нови знаења кои ќе имаат можност да ги имплементираат на нивните должности во единиците на Армијата.