Во период од 25.10.2017 до 14.11.2017 година, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализира Примарен курс за лидери (ПКЛ 2-17). Курсот успешно го завршија 45 слушатели професионални војници од единиците на Армијата на Република Македонија.
Низ процесот на обуката на курсот слушателите имаа можност да се оспособат и обучат за извршување на должностите во единиците како лидери на тимови и заменици командири на одделенија. Тие се стекнаа со знаења за местото и улогата на лидерот на тимот, како идни помошници на изведувачите на обуката.
За време на свеченоста по повод завршувањето на Примарниот курс за лидери во своето обраќање Командантот на ЦИО, потполковник Арбен Јакупи, на присутните им го честита за успешно завршениот курс, ја истакна нивната посветеност за време на наставата и порача, знаењето кое го стекнаа за време на курсот да го пренесат во единиците од каде доаѓаат.
На крајот на свеченоста на слушателите на курсот им беа врачени сертификати за успешно завршен курс.