Согласно планот за билатерална соработка за 2016 година меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Република Турција, во период од 24.07-02.08.2016 година, Командата на Турската Воена академија ја реализираше деветтата „Недела на воена обука, гаѓање и вежба на питомци (UHASAT)“.
Целта на оваа активноста е обука и размена на искуства на питомците од повеќе држава, како и презентација на обуката која ја реализираат питомците од турската Воена академија за време на логорувањата. На годинешната „Недела на воена обука, гаѓање и вежба на питомци (UHASAT)“ поканети беа 44 држави со вкупно 180 меѓународни учесници. Република Македонија на оваа активност зема учество со 4 претставници од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје, еден офицер – шеф на делегација и тројца питомци. Планираните активности се реализираа на три различни локации: Анкара, Истанбул и Измир, а како побитни можат да се издвојат:
Учеството на активности од ваков тип е од огромно значење за Воената академија, а особено за промоција на Армијата на Република Македонија и обуката која таа ја реализира со своите припадници.