Густата магла која ја имаше претпладнево на воениот дел од Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ не го спречи „Армискиот Дедо Мраз“ да пристигне со армиски транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.
По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот „Дедо Мраз“ додели новогодишни пакетчиња, по кое децата придружувани од најблиските имаа можност да се згрејат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност, како и да разгледаат дел од хеликоптерите.
Традиционалната манифестација која долги години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.