Во период од 4 до 7 јуни, во поширокиот реонот на Пониква, припадниците од извидувачкиот вод од Вториот пешадиски баталјон, припадниците од извидувачкото одделение од Четата за воено разузнавање и извидувачкото одделение од Инженерискиот баталјон од Првата пешадиска бригада реализираа обука од предметот „Исхрана во природа“.
Целта на ваквата обука е обучување и оспособување за изработка на објекти за сместување, изведување и извршување на задачи во планински услови, препознавање и селектирање на продуктите за исхрана од природата, како и подготовка на храна во природа со обезбедени минимални намирници.
За успешно соочување со предизвиците кои со себе ги носи Осоговието, пред сè потребно е да се биде психофизички подготвен, како и да се има познавање на можностите за користење на природните ресурси од флората и фауната.
Персоналот ја покажа својата успешност и снаодливост во посветеноста во извршувањето на задачите и во нивните вештини, при престој во планински услови, изолирани од најблиското населено место, хранејќи се од собраните растителни плодови, кои ги приготвуваа во импровизирана кујна.
Учесниците и оваа година успешно ја реализираа планираната обука.
ГЃ/СН