Во базата Бутмир во Сараево, пред Командата на ЕУФОР, се реализираше официјална церемонија за пречек и прием на нашите припадници во рамки на турскиот контингент, во мировната операција АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
На церемонијата присуствуваа командантот на ЕУФОР силите, генерал мајор Антон Весли, началникот на штаб во командата на ЕУФОР, бригаден генерал Золтан Самоги, заменикот началник на штаб и најстар национален претставник на турскиот контингент, полковник Бариш Конак, командантот на баталјон, потполковник Лукас Ламач и главниот наредник во командата на ЕУФОР, главен наредник Рудолф Фалзер, како и командантот на базата Бутмир и командирот на турската чета.
Говор за пречек и добредојде на мировниците во базата Бутмир, во мировната операција „АЛТЕА“ во БиХ, одржаа командантот на ЕУФОР силите, генерал мајор Антон Весли и најстариот национален претставник на македонскиот контингент во мировната операција „АЛТЕА“ во БиХ, потполковник Александар Митаноски.