На 14 и 15.07.2015 година со новите пилоти од составот на сквадронот за транспортни хеликоптери (стх) од составот на воздухопловната бригада, Здружено оперативна команда, се реализира финален испит за ноќно летање.
Како дел од испитот на ден 14.07 беше реализирано ноќно летање во реонот на аеродромот „Александар Велики“, а потоа беше реализиран испитот кој пилотите успешно го положија и се стекнаа со звање пилот втора категорија на хеликоптер Ми-8/17.
Со финалниот испит е направено заокружување на целокупниот процес од земска обука и обука во воздух дење и ноќе.
Иако овој дел од обуката успешно заврши и новите пилоти се стекнаа со звање пилот втора категорија, обуката, испитите, обновување на стекнатото знаење и надоградување на истото ќе продолжи и во наредниот период.