Командантот на Команда за операции бригаден генерал Бесник Емини во периодот од 03.04 до 05.04.2024 година учествуваше на финалната проверка за вежбата Defender 24 (ROC Drill) во Командата на силите на САД за Европа и Африка, во Визбаден, во која беа утврдени последните насоки и координација на сите учесници на вежбата за успешна реализација на истата.
Во рамките на посетата, генералот Емини оствари официјална средба со командантот на Командата на силите на САД за Европа и Африка (USAREUR-AF), генерал Дарил Вилијамс, на која се разговараше за актуелните безбедносни предизвици, учество во понатамошните заеднички операции, како и за можноста за продлабочување на меѓусебната соработка, со цел зголемување на меѓусебната интероперабилност. Воедно за време на посетата беа реализирани средби со бригаден генерал Лутковски од Армијата на Република Полска како и со началникот на Г-3 во Командата на силите на САД за Европа и Африка, бригаден генерал Елис со акцент на развојот на капацитетите и поддршка за ЛПБГ од Армијата на САД.