На ден 23.06.2016 година во касарнaта „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се организира и реализира заедничка Методско нагледна вежба (МНВ) на тема: “Постапка на органите за противпожарна заштита во различни ситуации” со персоналот од 4.механизиран пешадиски бaталјон (4.мпб) и припадниците од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Кичево.
MНВ се организираше на ниво на 1.механизирана пешадиска бригада, на вежбата покрај бригадниот генерал Зоран Милески присуствуваа и останатите комaнданти од потчинетите единици.
МНВ првенствено е наменета за против пожарна заштита на противпожарните екипи на АРМ во единицата, а се состоеше од презентација на противпожарната екипа од единицата, нејзиниот состав, дожности, опременост, пристап и гаснење на пожар, употреба на против пожарни апарати и средства за гаснење на пожар.
Во текот на вежбата персоналот од 4.мпб со заедничко дејствување на ТППЕ од градот Кичево, реализираа постапки при дадена тревога на персоналот во објектот зафатен од пожар, евакуација на персонал и МТС од простории зафатени со пожар, прва помош на повредени од изгореници и задушување.
Во практичниот дел на вежбата се реализираа и постапки на персонал од АРМ при сообраќајна незгода со цивилно моторно возило, односно гасење на опожарено возило, извлекување на повредените од деформирана каросерија на возилото со заедничко дејствување на ТППЕ од градот Кичево.
Целта на МНВ е персоналот да се оспособи и извежба во приближно реални сценарија со што секоја потенцијална појава на пожар во кругот на касарната, издвоените објекти, при сообраќајна незгода со цивилно моторно возило или во асистенција на ТППЕ ќе биде професионално и навремено спречена.
Преку разните форми на изведувањето на против пожарната обука персоналот покажа високо ниво на обученост и професионализам, противпожарната обука во единиците на АРМ се реализира пред почетокот на летната сезона, кога реално постојат зголемени опасности од пожари.