Во текот на втората половина на јануари, согласно годишните планови за обука на потчинетите единици на Првата пешадиска бригада (1.пбр), припадниците од извидувачките водови на потчинетите единици на 1.пбр, на терените за обука во зимски услови на планините во западниот и источниот дел од државата, реализираа обука во зимски услови.
Во еднонеделната обука, персоналот практично ги покажа вештините во справување и извршување на задачите во зимски услови и тоа: движење во длабок снег, совладување на снежни пречки со формациски и прирачни средства изработени непосредно од персоналот, изработка и престој во објектите изработени од и во снег, ставови за гаѓање со личното вооружување во снежни услови и длабок снег.
За време на обуката, единиците беа посетени од страна на одговорните старешини за обуката од претпоставената команда и од командата и штабот на 1.пбр, коишто стекнаа увид во високата обученост и психофизичката подготвеност на персоналот за извршување на задачи во зимски и планински услови.
ГЃ/ДЧ