Како дел од одличната соработка помеѓу АРМ, Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарната Бригада на град Скопје во период од 10.02. до 14.02.2014 година од страна на четата за АБХО од составот на 1.мпбр се спроведе обука на Противпожарната Бригада на град Скопје со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на активностите и мерките за заштита и спасување кога има радиолошка, хемиска и биолошка контаминација.
Како завршен дел од обуката денес 14.02.2014 година на полигонот на Противпожарната Бригада на град Скопје во 12.00 часот од страна на искусни инструктори од четата за АБХО се реализира показна вежба по сценарио: „Справување со инцидент со опасни непознати материи и спроведување лична и колективна деконтаминација“ при што од страна на инструкторите од четата АБХО беа покажани на дело постапките и процедурите кои се применуаат при сообраќаен инцидент кога има истекување на опасни хемикалии.
На презентацијата покрај заменик на командантот на 1.мпбр полковник Велин Стојановски присуствуваше и директорот на Дирекцијата за Заштита и Спасување, претставници од Воената Академија, Противпожарната Бригада на град Скопје и претставници од градот Скопје.
Претходно во изминатите денови обуката за радиолошка, хемиска и биолошка заштита со припадниците на Противпожарната Бригада на град Скопје и тим лидерите на тимовите за брз одговор за хемиска заштита од Дирекцијата за заштита и спасување. се реализираше според изработен план во кој беа опфатени следните содржини:
- Карактеристики на НХБ оружје,
- Средства за РХБ детекција и дозиметрија,
- Средства за лична и колективна РХБ деконтаминација,
- Постапки во АБХ услови со персоналот од Противпожарна бригада на град Скопје.
Ова претставува пример за одлична соработка помеѓу Армијата на Република Македонија со државните институции на Република Македонија и во иднина истата ќе се развива и продлабочува. Целта на обуката е припадниците на ППБ на град Скопје да се обучат во извршување на процедури и постапки во АБХ услови и со тоа да овозможат сигурност и навремена заштита на граѓаните на Република Македонија.