Во период од 17.03 до 21.03.2014 година во гарнизонот Тетово беше реализирано обука за снајперисти со војниците кои се поставени на формација. Истата беше реализирана од страна на инструктори од составот на полк за Специјални Операции (пСО).
Обуката започна со прикажување на наставен филм за историската важност на снајперистот во борба, за истата да продолжи на полигонот за обука во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ каде што беа реализирани следните теми: намена, борбени особини, ТТ-карактеристики на снајперската пушката, маскирање, селекција и детекција на цели, наблудување и скицирање.
Темите за слушателите на курсот предизвика голем интерес и истите се вклучија максимално во обуката што резултираше со усвојување на нови вештини и знаења како и потврдување и надградување на претходно стекнатите.
Обуката беше крунисана со реализација на гаѓање кое беше на гарнизонското стрелиште „Еребино“ во Тетово.