Денес во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.мпбр го одбележаа 25-ти февруари, патрониот празник на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“.
На одбележувањето присуствуваа заменикот на командантот на 1.мпбр, дел од штабот на 1.мпбр, претставници на Сојузот на борци од градот Тетово, локалната самоуправа, политичките партии, ученици од две училишта во Тетово, здруженија на граѓани, припадници на верските заедници, владини и невладини организации во зоната на одговорност на 3.мпб, кои со полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу во касарната, му одадоа почит по повод 75 годишнината од неговото погибие.
Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово, одржа командантот на 3.мпб, потполковник Изеир Ејупи, кој покрај освртот на животот и делото на Кузман Јосифовски-Питу, истакна дека одбележувајќи го секоја година денот на погибието на народниот херој, придонесуваме неговото име и дело за Македонија да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.
ГЃ/СМ/ЧС/БН