Денес, 16 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево заврши вежбата „Брз Рис 14“ и оценувањето на четата за заштита на сили ЕУБГ 2014-2.
Во претходните денови персоналот од оценуваните единици покажаа високо ниво на посветеност и професионализам при реализацијата на сложените задачи и активности, во согласност со зададената листа на настани и инциденти.
Декларираната единица, согласно концептот за оперативни способности „AFS Volume VII – CREVAL“, доби првична одлична оценка за својата подготвеност од страна на тимот за оценување, со што единицата е „Борбено подготвена“.
Началникот на штаб на 1.механизирана пешадиска бригада, полковник Зоран Милески на церемонијата за затворање на вежбата на учесниците на вежбата им честита за покажаниот професионализам во текот на подготовките и реализацијата на вежбата.
Во наредниот период продолжуват вежбовните активности на единицата. Имено во периодот од 02-13.06.2014 година декларираната чета ЕУБГ 2014-2 ќе учествува на вежбата „Брз Лав 2014“ во Сент Хуберт, Кралство Белгија, на која ќе се изврши оценување и сертификација на борбената група на Европската Унија 2014-2.