Во период од 15. до 19. април, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп во просторите на артилерискиот баталјон и на стрелиштето „Леково“ се реализираше основна обука за предни набљудувачи.
Во текот на обуката, подофицерите и професионалните војници од артилерискиот баталјон, персоналот од родот артилерија од составот на пешадиските баталјони на прва пешадиска бригада (1.пбр) и персоналот од извидувачко разузнавачкиот баталјон (ИРб), теоретски преку презентации, дискусии и размена на лични искуства, се стекнаа со нови и ги надградија и подобрија своите знаења од областа на артилеријата.
На крајот на обуката се реализираше вежбовно гаѓање со хаубица 105 мм со вметната цевка 20 мм на стрелиштето „Леково“, на кое присуствуваше и командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски.
Обуката за предни набљудувачи е можност за обновување на досегашните и стекнување на нови знаења, но и за надминување на предизвиците од доменот на артилерија, со што беше остварена целта на неколкудневната основна обука за персоналот за работните обврски и задачи како предни набљудувачи во единиците.
ЕА/ГЃ/СЛ