Како дел од активностите кои се организираа од Министерството за одбрана и Генералштабот со кои се одбележаа70-годишнината од основањето на НАТО Алијансата, свое учество во активностите изминатите денови имаа и припадниците на Здружено Оперативната Команда (ЗОК).
На отворените денови за граѓаните на ден 5-ти април во Прилеп и на 9-ти април во Куманово припадниците од потчинетите единици на ЗОК, покрај музичките нумери во изведба на воениот оркестар, познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“, настап на Културно-уметничко друштво од Прилеп и штандови на Воената академија, го збогатија настанот со изложување на дел од армиското вооружување, борбена опрема и возила, кои ги поседуваат и користат во извршување на секојдневните обврски и задачи.
На отворените денови покрај министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, кои го проследија настанот во Куманово, присуствуваа претставници од Министерството за одбрана, Армијата, градоначалниците на Прилеп и Куманово, како и останати претставници од општествениот и економскиот сектор на локалните самоуправи.
ВХ/ИН/ГЃ/ЧС/БН