Денес баталјонот за врски (бВ) и баталјонот на Воена полиција (бВП) ги посетија учесниците на НАТО работилницата за вежбата „REGEX19“ како и началникот на штаб на ЗОК (Здружена Оперативна Команда), полковникот Бесник Емини.
Учесниците беа пречекани од страна на командантите на овие две единици на ЗОК. Командантот на бВ, потполковник Илија Дамчевски во своето излагање пред присутните истакна дека бВ е исклучително важна компонента на Армијата, одговорен за непрекинато функционирање на стационарните и мобилните врски и нивна интеграција во глобалниот комуникациски и информатички систем неопходен за процесот на командување и контрола во мирновремени и воени услови.
Во бВП учесниците на меѓународната НАТО работилница за вежбата „REGEX 19“ од страна на командантот на баталјонот потполковник Кире Николовски беа запознаени со мисијата и задачите на бВП. Во рамки на посетата, припадниците на бВП реализираа методско-показна вежба со кои ги претставија своите способности во делот на поседнување и работа на мобилна контролна точка како и спречување на нереди и демонстрации и воспоставување на нарушен јавен ред и мир, по што беше реализиран тактичко-технички збор на средства и опрема.
ДД/ВС/БН