На ден 21.03.2014 година ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје остварија посета на воздухопловната бригада (вбр) како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат со професијата воен пилот, како и со вооружувањето, опремата и редовните активности на бригадата. На почетокот учениците ги поздрави командантот на бригадата, полковник Кире Колевски, а потоа беше одржана презентација за безбедност во воздушниот простор, улогата на (вбр) во мирновремени и вонредни услови, мотивација за професијата пилот и друго.
Учениците во текот на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работата која ја извршуваат.
Пред младите посетители беа изложени воздухопловите на (вбр) во кои тие имаа можност да влезат и да ги разгледуваат, при што имаа прилика да добијат повеќе информации за воздухопловите од пилотите и техничарите-летачи.
На крајот од посетата, учениците беа воодушевени од се она што им беше прикажано, при што кај голем број од нив беа искажании желби да станат идни пилоти на АРМ.
Посетата заврши со врачување на благодарници на Командантот, Заменикот на командантот и Началникот на штаб на (вбр) а од страна на професорите на гимназијата „Јосип Броз Тито“.