Денес, 05.03.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира прием на должност Заменик на командантот во ЗОК на бригаден генерал Орце Јордев и примопредавање на должноста началник на штаб во ЗОК помеѓу бригаден генерал Орце Јордев кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност полковник Бесник Емини.
На свеченоста пред дел од клучниот персонал на ЗОК со пригодни говори се обратија: генерал-мајор Павле Арсоски, бригадниот генерал Орце Јордев и полковникот Бесник Емини.
Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски во својот говор истакна дека трансформацијата на Армијата и полноправното членство во НАТО се наши најважни приоритети и со тоа денешното поставување на старешините на нови позиции ќе придонесе за подобро функционирање на командите и единиците.
Бригадниот генерал, Орце Јордев искажа особена благодарност на целокупниот колектив на ЗОК за севкупната поддршка и несебичниот ангажман во времето додека тој ја извршуваше должноста началник на штаб во ЗОК, притоа на новопоставениот началник му посака многу успех во понатамошната работа.
Новопоставениот началник на штаб во ЗОК, полковник Бесник Емини обраќајќи се на присутните истакна дека во понатамошниот период нас не очекува успешна соработка и максимално залагање во извршување на задачите, воедно се заблагодари на генералот Јордев за резултатите кои ги постигнуваше ЗОК во досегашниот период и вети дека ЗОК ќе продолжи да постигнува резултати со кои ќе се гордеат сите.
ЧС/БН