Во период од 02.02. до 26.02.2015 година во центарот за обука во зимски услови „Попова Шапка“ припадниците од баталјонот на Воена Полиција (бВП) во неколку групи реализираа специфична обука во зимски услови.
Обуката е дел од редовните вежбовни активности согласно Планот за обука на бВП и има за цел обучување за извршување на задачи во неповолни зимски услови.
За време на изведување на обуката се реализираа теми за изработка на импровизирани објекти за престој во планина во зимски услови, техники за движење со скии или со специјални обувки и додатоци за снег, транспорт и евакуација на повредени и ранети со хеликоптер.
Со успешно завршената обука припадниците на бВП го потврдија високиот професионализам, како и подготвеноста за извршување на задачи во секакви временски услови.