Во Здружена оперативна команда (ЗОК) командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски одржа работен состанок со шефот на канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД, потполковник Кристофер Мичел, претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија, Генералштабот на Армијата на Република Македонија и командантот на Полкот за специјални операции.
На состанокот, беше разговарано за интензитетот на реализацијата на планирачкиот процес за вежбата „Одлучен удар“, координацијата помеѓу персоналот од ЗОК и персоналот од армијата на САД како и за начините за продлабочување на взаемната соработка во текот на планирачкиот процес на вежбата.
Од страна на командантот на ЗОК изразено е задоволство од текот на планирачкиот процес и од досегашната меѓусебна координација.
Исто така за време на состанокот, директорот на вежбата, потполковникот Игор Манасовски реализира брифинг со кој командантот на ЗОК и шефот на канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД беа запознаени со целокупната лепеза на активности во текот на планирачкиот процес на вежбата.
Воедно, заеднички беше истакнато значењето од досегашната меѓусебна соработка со армијата на САД и ЗОК со цел поддршка и пренесување на своите искуства во однос на планирањето и реализацијата на заедничките вежби.
ЧС/БН