На ден 05.07.2017 година со припадниците на Здружената оперативна команда (ЗОК) беше реализиран кондиционен марш на релација с. Немањици – с. Мечкуевци – с. Ранченци.
Кондициониот марш е планска активност на единицата во согласност со годишниот календар за обука, во функција за проверка и подобрување на физичката состојба на припадниците на ЗОК.
За време на маршот се презедоа сите мерки на безбедност и заштита на животите и здравјето на луѓето, како и мерки за заштита на животната средина и природата.
Маршот започна со превезување на припадниците на ЗОК од касарна „Боро Менков“ – Куманово до с. Немањици,од каде што беше почетната точка на маршот. Потоа правецот на движење продолжи во правец на селото Мечкуевци каде се наоѓаше првата контролна точка. По преминувањето на контролната точка се продолжи со реализација на маршот кон с. Ранченци кое беше крајната цел на кондициониот марш. Тука се одржа кратка анализа на која од страна на Командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески беше констатирано дека кондициониот марш е успешно реализиран. Со реализацијата на кондициониот марш припадниците на ЗОК се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со оперативните и тактички правци на дел од зоната на одговорност.
Активноста заврши со превезување на припадниците на ЗОК назад во касарната „Боро Менков“ – Куманово.