Во период од 16 до 19.04.2018 година, во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Ј-4/ГШ на АРМ, во соработка со Министерството за одбрана на Република Словенија и невладината организација „International trust for demining and mine victims assistance“ , се реализираше семинар на тема „Контрола на стабилноста на барутот и муницијата“.
Во рамките на семинарот беа презентирани следните теми и методи: Методи и постапки за испитување на хемиската стабилност на муницијата, Информатички систем за менаџирање со животниот циклус на муницијата како и меѓународни стандарди за пиротехничка безбедност при складирањето на муницијата.
На семинарот, припадниците на АРМ кои непосредно извршуваат должност од оваа област, преку активно учество низ презентации и дискусии имаа можност да се запознаат и да разменат искуства од доменот на контрола на стабилноста на барутот и муниција, од експертскиот тим за муниција од Република Словенија. Добиените знаења истите ќе ги применуваат во надминување на предизвиците со кои се соочуваат при извршување на задачите.