Во воздухопловната бригада (вбр) од составот на Здружената оперативна команда новопоставените пилоти со успех ги реализираа своите први летови со транспортните и борбените хеликоптери во составот на АРМ.
Пилотите со чин поручник Стефан Ѓорѓиев, Ива Матиќ, Дејан Славевски и Трајче Јовковски распоредени во сквадронот за транспортни хеликоптери (стх) и сквадронот за борбени хеликоптери (сбх) пред да ги реализираат своите први летови имаа долготрајна теоретска обука и обука во симулатори.
Пилотите, најпрво ја следеа наставата во техничка училница при што ги совладаа правилата и постапките при летање, упатство за користење на хеликоптерите и инструкции на аеродромот.
По завршување на теоретската настава се спроведоа испити на кои се провери нивното знаење. По успешното завршување на испитите се започна со обука на симулаторите, по која се преминува на летање на хеликоптерите.
Пилотската обука бара истрајност и одлучност како и многу голема посветеност за да се дојде до моментот да се употреби наученото во летање со хеликоптерите. Понатамошната обука ќе биде за нивно надоградување и усовршување на техниката на пилотирање.
Реализирање на првите летови претставува претставува голем ден не само за пилотите, туку и за вбр и за АРМ која се здоби со нов пилотски кадар.