На ден 20 Февруари (четврток) во Командата на бригадата за логистичка поддршка согласно годишниот План на работа на секцијата за цивилно-воена соработка од Здружената Оперативната Команда, се одржа семинар на тема „Спроведување на Законот за заштита и унапредување на животната средина, со тежиште на менаџирање на отпадните материјали“.
На семинарот кој е прв од ваков вид присуствуваа координаторите за екологија и заштита на животната средина и претставници од гарнизоните во Репулика Македонија кои ја извршуват должноста од овој домен.
Дел од содржините кои се презентираа беа општите поими од Законот за заштита на животна средина и природа, екологија, еколошки менаџмент, што е опасен отпад, отпадни материи, како и кои се задачите на лицата, командите и единиците за заштита и унапредување на животната околина и природата во воена средина.
Посебен акцент беше ставен на заштитата на животната средина при изведување на воени активности и нејзиното обновување за време и по изведените вежби, специјални работни хаварии и катастрофи на воени објекти и терени, задачи и обврски во вонредни ситуации и војна.
Армијата преку проектите „Ден на дрвото“ и „Македонија без отпад“ активно е вклучена во подигањето на еколошката свест со цел на заштита и унапредување на животната средина и успешна имплементација на Законот за заштита и унапредување на животната средина во АРМ.