Денес 26-ти Февруари во Здружената Оперативна Команда (ЗОК), се одржа состанок помеѓу клучниот персонал од ЗОК, првопотчинетите единици и раководството на Синдикатот на одбраната и безбедноста, на кој беа разгледани прашања поврзани со животот и работата на припадниците на Армијата на Република Македонија.
Состанокот се организира по барање на Синдикатот на одбраната и безбедноста за прашања кои се однесуваат на појаснување на одредбите од законите кои ја регулираат службата и работните односи и синдикалното делување.
На состанокот се разгледуваа прашања поврзани со примената на колективниот договор на вработените во одбраната и надминување на одредени нејаснотии кои се појавуваат во изминатиот период, при што беа вклучени и правниците од Здружено Оперативната Команда.
Од страна на командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски, командантите на бригадите и останатиот персонал од командата беа покренати повеќе прашања кои се однесуваат на изнаоѓање на решенија преку синдикално делување за подобрување на повеќе статусни прашања на целокупниот персонал во Армијата на Република Македонија.