DANCON March е долгогодишна традиција на Данската армија чии почетоци датираат од 1972 година. Освен на државно ниво, маршот почнува да станува дел и на интернационален план во Намибија, Босна, Ирак и Авганистан, односно во држави каде што данската армија има или имало свое присуство за извршување на операции.
Продолжувајќи ја традицијата и оваа година во Р. Косово сојузничките држави кои се дел од КФОР ќе се натпреваруваат во својата издржливост поминувајќи 23 километри за најбрзо можно време со 10 килограми тежина на себе.
На маршот земаа учество и двајца припадници на Македонскиот контингент во рамките на КФОР кои рамо до рамо со сојузниците од НАТО успешно го завршија маршот впишувајќи ги своите имиња во долгогодишната Данска традиција.