Со наредба на Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во чин поручник беа унапредени 14 потпоручници од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и 6 потпоручници од воздухопловната бригада (вбр). По тој повод пред стројот на единиците од касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, беа прочитани наредбите за унапредување.
На церемонијата за доделување на чиновите присуствуваа: Командантот на 1. мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и заменикот на командантот на вбр, полковник Заим Шкрјиељ.
По церемонијалното врачување на новите чинови од страна на командантот на 1.мпбр и заменикот на командантот на вбр, на новоунапредените поручници им се обрати бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски кој им порача да бидат горди на униформата, да бидат чесни офицери на АРМ, секогаш подготвени за одбрана на Република Македонија, со очекување во иднина да постигнуваат поголеми успеси во извршувањето на секојдневните задачи со единиците со кои командуваат.