Денес, 05 октомври 2015 година, на Армискиот Полигон АП Криволак, во рамките на вежбата „Македонски блесок-11“ започна НАТО оценувањето-ниво 2 на четата на Воена Полиција, а самооценување ниво 1 на ренџерската чета од составот на Полкот за специјални операции започнува утре.
Процесот на оценување на четата на Воена Полиција започна во гарнизонот Скопје, каде е мирновремена локација единиците кои се оценуваат. Оценувањето започна со брифинг на оценувачите кои пред директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски на кој се презентираа целта, фазите и начинот на оценување. Целта на овој дел од оценување е да се оцени борбената готовност и способноста за извршување на мисијата на четата на Воена Полиција и на ренџерската чета. Оценувањето се врши согласно Концептот за оперативни способности на НАТО по следните 5 области: планови, операции, логистика, врски и администрација. Оценувањето го реализира оценувачки тим составен од национални оценувачи и седум НАТО набљудувачи од три НАТО земји.
За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето по што истото ќе им биде соопштено на оценуваните единици.
Ова оценување претставува заокружување на оценувањето на декларираната чета на Воена Полиција, со што истата ќе биде интероперабилна по стандардите на НАТО, подготвена за извршување на евентуално добиените обврски и задачи.