Во присуство на заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел придружувана од одбранбеното аташе потполковник Јурген Флејшман оствари посета на Военомедицинскиот центар.
Во рамки на денешната посета беше извршена обиколка и презентација на Одделот за медицинска обука (ОМО), со цел запознавање со мисијата, задачите, структурата и капацитетите.
Воедно се дискутираше и за можностите за идна соработка, имајќи ги предвид потребите на Одделот за медицинска обука.
Со донација од Кралството Холандија беше поддржана реконструкцијата на ОМО во 2009/2010 година, а соработка се остварува и со реализација на курсеви за прва медицинска помош за персоналот од Холандската амбасада, кои се изведуваат на годишно ниво.