Денес, во ГОБ „8 Септември“ – Скопје, согласно Годишниот план и програмата за реализација на крводарителски акции, а во пресрет на 20 мај – Денот на Логистичката база, се реализираше акција за доброволно дарување на крв, на која крв даруваа припадници од Логистичката база како и дел од првопотчинетите единици.
Во крводарителската акција, која се организираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, припадниците од Логистичката база, почитувајќи ги сите мерки и протоколи предвидени за заштита од вирусот „Ковид-19“, обезбедија 21 крвна единица за потребите на здравствените установи во актуелната кризна епидемиолошка состојба.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст уште еднаш ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата за подарените крвни единици и за традиционално плодната соработка.
ЗВ