Во координација со канцеларијата за одбранбена соработка (ODC), а согласно укажаната потреба и согледување на процесот на прием, складирање и предавање на Лесните оклопни возила (JLTV) како и останатата опрема поврзана со истите, во командата на Логистичка База (ЛБ) се реализираше работна средба со Военото Аташе на САД во Република Северна Македонија, полковник Даниел Сквајрес, претставник од канцеларијата за одбранбена соработка, потполковник Шон Руфоло и г-дин Дарко Кнежевиќ.
На работниот состанок беше дискутирано за улогата и одговорноста на персоналот од ЛБ во процесот на приемот, складирањето и предавањето на лесните оклопни возила, опремата и резервните делови, како и предизвиците со кои се соочува ЛБ.
Исто така беа презентирани можностите и капацитетите на ЛБ за складирање, чување, мерки и активности кои се преземаат во понатамошниот процес за предавање на примените материјални средства по основ на донации на крајните корисници.
Во понатамошниот тек од средбата со претставниците од САД беше разговарано за приемот на возилата и опремата која се очекува да пристигне во текот на месец декември 2024 и јануари 2025 година.
На крајот од работната средба беа искажани нашите предлози за поефикасен и поефективен начин за обработка на потребната документација на примените возила, резервни делови и опрема и нивно предавање на крајните корисници.