Во касарната „Илинден“ во соработка со инструктори од Швајцарија, припадници од одделот за медицинска обука од баталјонот за Медицинска Поддршка (бМП) и припадници од Балканските Медицински Наменски Сили (БМНС) во период од 26 до 29 октомври, се реализираше ,,Курсот за згрижување на повредени на тактичко ниво“ (Tactical Combat Casualty Care). Учесниците на курсот се обучуваа за стандардизираните постапки за предболничко згрижување на повредените.
Во текот на курсот слушателите имаа можност да се стекнат со нови практични постапки при згрижување на повредените при отворен оган, евакуирање на повредени и останати постапки и процедури.
ЗВ