ISAF – МЕЃУНАРОДНИ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ ЗА ПОМОШ НА АВГАНИСТАН
На 20 декември 2001 година, Советот за безбедност на ООН ја донесе Резолуцијата 1386 со која официјално беа создадени Меѓународните безбедносни сили за помош (ISAF) на Авганистан.
Првичните цели беа дефинирани во јануари 2002 година, кога беше потпишан и Военотехничкиот договор меѓу преодните власти во Авганистан и Меѓународните безбедносни сили за помош (ISAF) на Авганистан.
Примарни цели на оваа мисија беа:
– да се помогне во одржувањетo на основнатa безбедност, првично во регионот на Кабул и неговото опкружување;
– да им се даде помош на авганистанските преодни власти во изградбата на националните безбедносни структури (институции);
– да се асистира во реконструкцијата на државата;
– да се помогне да се оспособат и да се обучат новите Авганистански национални безбедносни сили (Авганистанската национална полиција и Авганистанската национална армија).
На 11 август 2003 година, на барање на ОН (со резолуцијата на СБ 1510) и сo согласност од Владата на Исламската Република Авганистан, Командата на ISAF ја презеде НАТО, со што до октомври 2006 година, преку четири фази, ISAF се распространи на целата територија на Исламската Република Авганистан и воспостави регионални команди „Главен град“ „Север“, „Југ“, „Исток“ и „Запад“.
Подоцнежните редефинирани цели и одговорности на ISAF за периодот од 2006 до 2011 година вклучуваа: помош на владата на Авганистан во воспоставувањето на безбедност и стабилност на целата територија, поддршка во реконструкцијата и развојот, поддршка во воспоставувањето на структурите за владеење и промоција на средина во која владеењето може да се унапредува, како и помош во борбата против трговијата со наркотици.
Учество на Армијата на Република Северна Македонија во ИСАФ
Тргнувајќи од стратешката определба за зачленување во НАТО со политичкиот консензус на сите политички субјекти во земјата, како и на целокупната македонска јавноста, Собранието на РМ ја донесе првата Одлука за учество во мисијата ISAF со двајца штабни офицери од август 2002 година, со што ја потврди својата политичка волја и способност за придонес во меѓународната безбедност.
Во текот на оваа мисија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, војници и старешини извршуваа повеќе разновидни задачи на различни позиции како: сили за обезбедување на главната команда на мисијата, штабен персонал, медицински персонал како и менторски тимови за обучување. На повеќе локации низ Авганистан како што се во Кабул, Мејмана, Мазар Е Шариф .
– две ротации со по два штабни офицери во периодот 2002/2003 година;
Учеството во ISAF започна со испраќање штабни офицери во рамките на турскиот контингент. Учествувавме двапати, со две ротации од три месеци, со двајца офицери, почнувајќи од август 2002 до февруари 2003 година.
– три контингенти со јачина од пешадиско одделение во периодот 2003/2004 година;
Првиот контингент во големина од 10 луѓе отпочна со мисијата во Авганистан во февруари 2003 година и иститот беше сместен и распореден во кампот „Верхаус”. Прв командант на контингент кап. Бајрами Фето.
– пет контингенти со јачина од пешадиски вод во периодот 2005/2007 година;
– седумнаесет контингенти со јачина од една механизирана пешадиска чета во периодот од 2006 до декември 2014 година;
Првата ротација на македонскиот контингент (13.06.2006) во состав од 90 луѓе со меморандумот за разбирање меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Обединетото Кралство беше директно потчинета на Борбената група „Исток“ БГ (Е) . Во составот на оваа борбена група се британска Чета за заштита на силите, која извршуваше исти задачи како и четата на македонскиот контингент. Во понатамошните ротации, мисијата на четата, почнувајки од јули 2007 година (во состав од 126, па сè до бројка од 152 припадници на АРМ ),
– еден дополнителен контингент во состав на наменските сили ФЕНИКС со јачина од два вода во 2010 година;
Македонскиот контингент во состав на 86. пешадиска бригада борбен тим (86th Infantry Brigade Combat Team) на Националната гарда на Вермонт – САД, изведуваше операции во зоната на одговорност. Во рамките на оваа мисија 79 припадници на Полкот за специјални операции и на Баталјонот на Воената полиција,заедно со нивните колеги, припадниците на Националната гарда на Вермонт, САД, и Армијата на САД, во период од девет месеци извршуваа мисии од областа на обуката и менторирањето на Авганистанската национална армија и полиција и заедно со коалициските сили на НАТО и на САД дејствуваа како поддршка на aвганистанската армија и полиција.
– Оперативни тимови за менторирање и врски ОМЛ-тимови (Operational Mentor and Liaison Team – OMLT) во рамките на ISAF.
четири ОМЛТ-1 во состав од двајца старешини во периодот од 2008 г. до месец јануари 2011 година; три ОМЛТ-2 во состав од тројца старешини во периодот од 2009 до јануари 2011 година; четири ОМЛТ-3 во состав од петмина старешини во периодот од јануари 2011 до јануари 2013 година.
Нашите припадници во ОМЛ тимовите, во текот на нивното ангажирање од 2008 до крајот на мисијата ISAF извршуваа задачи за менторирање на соодветните штабни секции на авганистанската армија на бригадно ниво во 3. бригада – 209. корпус на Авганистанската национална армија (АНА) во Мазар е Шариф, Регионална команда „Север“.
- Медицински тимови на арм во состав на ISAF
Од август 2005 година, во состав на грчката полска болница, а подоцна од март 2007 до јули 2009 година, во состав на чешката полска болница АРМ во ISAF учествуваше со Медицински тим во состав на Здружениот медицински тим на земјите од Jадранската повелба – А3. Во рамките на А3-медицинскиот тим беше вклучен медицински персонал од тогашната Служба за воено здравство – Скопје и од водовите за медицинска поддршка од составот на Командата за логистичка поддршка (брЛП).
Во оваа мисија, медицинскиот тим во рамките на САД-Јадранската повелба А3, функционираше како тим од 12 претставници, и тоа сo по четири претставници од Р. Албанија, Р. Хрватска и Р. Македонија.
Врз основа на Договорот за билатерална соработка со Кралството Норвешка обезбедивме хируршки тим за Полската болница на КН која беше лоцирана во градот Мејмана – провинција Фарџаб во северозападен Авганистан. Според договорот, РМ во период од 3 години испрати 7 ротации на 6-месечен период. Мисијата за обезбедување на Ниво 2-медицинска заштита започна на 1.12.2008 година, а заврши во мај 2012 година.
- Штабни старешини во ISAF
Од почетокот на 2008 до до декември 2014 година. Почетоците на ангажирање во Главниот штаб на коалициските сили во Кабул беше во секциите: Информативна координирачка секција, Секцијата Ј-9 – Цивилно-воена соработка, психолошки операции, офицер за инжинериски паркови и обука во Ј-3 , воен полицаец кој извршуваше задачи на аеродромот во Кабул – КAIA)
Во периодот од 2011 до декември 2014 година, приоритетот на силите на ISAF беше зголемување на капацитетите и способностите на Авганистанските национални безбедносни сили, при што постепено се пренесуваше одговорноста за безбедноста од ISAF на Авганистанските сили.
Мисијата на меѓународните безбедносни сили за поддршка во Авганистан ISAF, официјално заврши со крајот на 2014 година.
Научените лекции од учеството во ISAF, кои во голем обем најдоа широка примена во обуката на припаднците на АРМ, како и огромното искуство, се од непроценлива вредност. Легитимитетот, признанието и потврдата на сигурен, доверлив, обучен но, пред сè, и рамноправен партнер на НАТО и останатите партнери, го стекнавме со демонстрација на висок професионализам и посветеност кон мисијата.
Фото галерија