ЕУТМ ЦАР „Централноафриканска Република“
Мисијата на Европската Унија за обука на Централноафриканската Република – „ЕУТМ ЦАР“ е воспоставена со Резолуцијата 2134 (2014) на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која силите на ЕУ придонесуваат за постигнување на безбедна средина во областа Бангуи, како дел од меѓународните напори за заштита на населението и за создавање услови за обезбедување хуманитарна помош. По првото продолжување на мисијата од 2018 до 2020 година, Советот на Европската Унија го продолжи распоредувањето на силите за уште еден мандат на две години, до 19 септември 2022 година. Мисијата на силите на ЕУ во ЦАР е поддршка на развојот на модерни, ефективни, кредибилни, етнички избалансирани и демократски одговорни Вооружени сили на ЦАР.
Со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија бр. 08-4203/1 од 26.11.2020 година двајцата штабни офицери во оваа мисија се испратени во декември 2020 година.
Во ЕУТМ ЦАР, покрај Република Северна Македонија, придонесуваат 8 членки на ЕУ и 4 други земји (партнери и/или аспиранти за членство).