Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија во октомври 2020 година, Армијата на Република Северна Македонија за првпат како 30-та земја членка на НАТО ќе учествува во мисијата КФОР во Косово, каде во првата ротација: ноември 2020-април 2021 контингент од 44 припадници на Армијата, составен од штабни офицери и вод за обезбедување, ќе ги извршуваат задачите во главната команда на мисијата и во командата на КФОР – „Запад“.
Првиот контингент со македонски мировници во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово се упати на 01.11.2020 година, а веќе од 02.11.2020 година, со кревање на државното знаме на Република Северна Македонија на јарболот во базата на КФОР во Пеќ, првиот контингент и официјално ја започна мисијата во КФОР.
Од април 2021 година придонесот во НАТО операцијата „КФОР“ е зголемен со дополнителен вод со што нашето учество достигна 65 припадници.
Двата вода се во состав на мултинационалниот баталјон во Регионална Команда Запад извршуваат задачи во согласно дадената мисија на овој баталјон, а пред се патролирање во зоната на одговорност и физичко обезбедување на командата.
Водовите за обезбедување во командата на КФОР – „Запад“ ги извршуваат задачите заедно со припадници на Армиите на Италија, која е носечка земја за овој сектор и припадници на Армиите на Австрија, Хрватска, Молдавија, Полска, Словенија, Швајцарија и Туркије.
Учество во мисијата КФОР преку „Координативниот центар за поддршка од земја домаќин“
Земајќи ги во предвид приоритетите во делот на логистика не само во национални рамки, но и повеќе во сооднос со побарувањата и потребите на Алијансата, Координативниот центар за поддршка од земја домаќин започна со работа во април 2005 како дел од НАТО седиштето во Скопје, проект имплементиран за прв пат со земја членка на Партнерството за мир. Проектот на почетокот беше имплементиран на предлог на генералот Блис, кој во тоа време беше командант на НАТО силите во Скопје. На почетокот, проектот вклучуваше 11 офицери на АРМ, кои успешно ја завршија обуката за обврските поврзани со давање поддршка од земјата домаќин. Промовирајќи ја сопствената стручност и постигнувања, во 2006 година овие офицери станаа основата на Координативниот центар, кој постепено ги започна подготовките за преземање на задачите за поддршка на КФОР.
Во јуни 2007, со оглед на големото значење и на проектираните цели, Координативниот центар беше вклучен во формацијата на Командата за логистичка поддршка при ГШ на АРМ. На овај начин како додаток на учеството во Мисијата во Ирак, Авганистан, БиХ и Либан, АРМ учествува и во мисија за поддршка на Косово.
До сега повеќе од дваесет офицери на АРМ се обучени да работат во Координативниот центар, што од голема корист за планирањето и поддршката на слични мисии во блиска иднина за нас.
Координативниот центар започна со работа од 3 април 2006 година. По својата мисија, дефинирана во областа на логистичките задачи, Координативниот Центар треба да обезбеди поддршка на НАТО здружените операции на Балканот.
Како проект почна да се реализира на почетокот од 2005 година со испраќање на тим офицери и подофицери на АРМ во НАТО Штабот Скопје на обука. Истите беа интегрирани во формацијата на НАТО Штабот, што за првпат е реализирано со ПЗМ земја. До почетокот на работа Координативниот Центар реализирани се две шестмесечни ротации со вкупно 18 обучени старешини.
Основната задача на центарот се:
- Да ги надгледува и следи извршувањето на сите логистички активности во областа на одговорноста во координација со силите на КФОР.
- Олеснувањето на протокот на информациите како и на логистичките активности на НАТО ќе биде основна цел на Координативниот центар за ПЗД, а согласно законската легислатива на Р. Македонија.
- Да ги надгледува Комуникациските врски во областа на заеднички операции на Балканот во однос на воздушен, патен и железнички сообраќај и конвои кои минат низ Р. Македонија.
- Да биде во тек и да ги координира сите царински и гранични процедури за полесно и побрзо извршување на сите планирани активности во зоната на одговорноста.
- Ќе биде задолжен за решавање на сите царински проблеми кои се појавуваат на граничните премини како и за олеснување на побрз премин и транзит низ територијата на Р. Македонија.
- Да обезбедува и изработува податоци за оперативни и логистички извештаи и повратни информации побарани од страната на силите за поддршка на мисијата на КФОР.
- Да овозможи брза размена на информации, да обезбедат поддршка на оние кои ја бараат и решаваат било какви проблеми кои што може да се случат.
- Да обезбеди полесен и брз пристап до сите медицински установи согласно договорот помеѓу НАТО Штабот во Скопје и КФОР во Косово со Министерство за Одбрана – Воена болница како и претстојниот договор со Министерство за Здравство.
- Координирање и менаџирање на сите НАТО воени летови.
- Координирање помеѓу Јавното претпријатие за аеродромски услуги, Гранична полиција, Царината на аеродромот Петровец со Националните елементи за поддршка на Нациите за олеснување на логистичките операции кои се одвиваат во воздушен сообраќај.
- Развивање на стабилна и политичка држава интегрирана во НАТО семејството која може да обезбеди логистичка поддршка на НАТО во Балканскиот регион.
- Целосна цивилна и воена поддршка во мир или во војна на НАТО или други сили за поддршка од страна на Координативниот центар.