Градење на способностите, зголемување на интероперабилноста како и зајакнување на врските помеѓу партнерските држави и сојузниците беа главните цели на вежбата „COMBINED RESOLVE XI“.
Во периодот од 26.11 до 14.12.2018 година во Хохенфелс – Германија, припадниците на полкот за Специјални операции, рамо до рамо со уште 5500 припадници од 16 држави учествуваа во оваа голема меѓународна вежба. Македонските специјалци заедно со тимови од специјалните сили на Соединетите Американски Држави, Украина и Бугарија реализираа различни видови на задачи како што се специјално извидување, директни акции, неконвенционално војување итн.
Квалитетот, знаењето, професионализмот и стручноста на припадниците на полкот беше уште еднаш потврдена од страна на учесниците на вежбата.