Во периодот од 8 до 10.05.2019 година дел од припадниците на Ренџерскиот баталјон изведоа обука во изведување на борбени операции за обезбедување на витален објект – аеродром.
Обуката се реализираше на полигоните во касарната „Илинден“ и на спортскиот аеродром „Стенковец“. Припадниците на баталјонот за време на обуката реализираа неколку поставени задачи како што се запоседнување на комуникациски центри- радари, системи за против-воздушна одбрана и инфраструктурни објекти кои се наоѓаат на аеродромот. Како една од суштинските задачи кои ги има единицата во својата мисија е и ваквиот вид на обука.
Постојаното залагање за унапредување на способностите и капацитетите е одлика само на најдобрите, меѓу кои се и припадниците на Ренџерскиот баталјон.