Припадникот на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции го заврши курсот за боречки вештини како прворангиран помеѓу 22 учесници од 19 држави.
Курсот за боречки вештини „Chinese Wushu“ се реализираше во Народна Република Кина во период од 18.09.2018 година до 17.01.2019 година. Курсот важи за високо професионален со оглед на фактот дека на истиот учествуваат припадници на специјални единици од ширум светот. На самиот курс се изучуваат традиционални боречки вештини комбинирани со нови кои имаат потекло од Р. Кина, а истите се применуваат во многу армии и специјални единици. Акцент за време на курсот е даден на спаринзите (борби) помеѓу учесниците и на изведувањето на кати. На курсот покрај боречките вештини учесниците учат и справување со спортски повреди и изучуваат кинескиот јазик.
Овој успех е уште една потврда за високото ниво на спремност на припадниците на полкот и пример како треба да се претставува единицата и армијата во целост.