Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, во присуство на амбасадорката на Швајцарската конфедерација, Вероника Хулман оствари протоколарна средба со полковник Амиет Урс, досегашно одбранбено аташе и новоназначеното одбранбено аташе на Швајцарската конфедерација за Република Северна Македонија, полковник Рето Руч.
На средбата, генералот Нуредин упати честитки до полковникот Рето Руч за назначувањето на новата должност, која ќе ја извршува со седиште во Белград, Република Србија, а на полковникот Амиет Урс му се заблагодари за досегашниот ангажман и заложба за унапредување на билатералната соработка за време на неговиот мандат.
Билатералната соработка со вооружените сили на Швајцарската конфедерација особено е изразена преку континуираната соработка во изведување на заедничка медицинска обука во Баталјонот за медицинска поддршка и изведување на летна и зимска алпинистичка обука во центрите за обука во Швајцарија.