Во рамки на билатерална соработка со специјалните сили на Република Грција, во периодот од 10 до 12.11.2021 година, се реализираше привиот дел од втората фаза (Pre SOFEVAL Check) за оценување на 2 (два) тима за специјални операции од Армијата на Република Северна Македонија по SOFEVAL, односно се изврши проверка на потребната документација и опрема на тимовите кои треба да ја поседуваат заради остварување на целите на способност на Армијата.
Командантот на баталјонот за специјални сили изрази благодарност за континуираната поддршка од Специјалните сили на Р. Грција.
Тимот за оценување по извршената контрола соопшти дека документацијата и опремата на тимовите која ја поседуваат заради остварување на целите на способност на Армијата е на потребно ниво и ги задоволува станардите според SOFEVAL.